Мирис на хлор и зголемена пареа на базен во хотел во Охрид, четири лица пренесени во болница

Вчера во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица.

Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, информира СВР-Охрид.

Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и  документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top