Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција откако Филипче изјави дека „не се исти“.
Одговарајќи на прашање за ваквата изјава, Мицкоски рече дека за првпат може да се согласи со претседателот на опозициската партија дека навистина „не се исти“.
„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.







