Мицкоски: Работиме да обезбедиме најпрво техничка, a потоа и вода за пиење во Гостивар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите.

„Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше општината, од страна на државните институции да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и да обезбедиме вода за пиење. Останатиот дел, постапува Обвинителството, сите оние коишто се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и нормално да се преземат мерки против истите. Веќе три лица се идентификувани како такви. Јас колку што знам, определени се мерки за обезбедување. Така што институциите како никогаш досега, во најбрзо време реагирале“, рече премиерот Мицкоски.

Scroll to Top