Млад мопедист повреден кога излетал од патoт кај Дојран, му биле измерени 1,60 промили алкохол

На 11 декември 2025 година, околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот.

Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија.

По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Scroll to Top