Му ветувале посредништво за престој во државата и документи за работа: маж од Турција измамен за сума од над 6. 000 евра

Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра.

Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен на нотар.

Откако лицето не му се јавило подолг период сфатил дека бил измамен.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top