Напад на градилиште во Центар: работник пријавил дека бил нападнат од колега

Вчера во полицијата било пријавено дека на подрачјето на општина Центар, за време на изведување градежни работи на објект во изградба, дошло до физички напад меѓу двајца работници.

Според пријавата, Б.С. (38) од Скопје бил нападнат од М.Р. (39) од Куманово.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.

Scroll to Top