Вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела.
Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.







