ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(23) и М.П.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 12.08.2025 пријавените со патничко возило „форд“ удриле во патничко возило „голф“, во кое биле В.Р., Д.П. и М.К., а потоа ги нападнале со употреба на тврд предмет.







