На 19 септември Отчет на ЗНАМ: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“

На 19 септември, во Кино „Фросина“ во МКЦ Скопје, со почеток во 13,00 часот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го одржи големиот Отчет на избраните и именувани функционери на Движењето ЗНАМ.

„Нo, ова нема да биде само промоција на една публикација. Ова ќе биде почеток на голем граѓански отчет за сработеното во изминатите две години – во Собранието, во Владата и во институциите со кои раководат кадрите на ЗНАМ.

Нашата порака е едноставна: „Отчетот не е за нас. Отчетот е за граѓаните.“

Пред две години граѓаните ни дадоа доверба и мандат да преземеме одговорност. Денес сметаме дека е наша обврска пред тие граѓани јасно и отворено да покажеме што е направено, кои одлуки се донесени, кои реформи се реализирани, кои проекти се започнати и кои резултати се постигнати“, велат од ЗНАМ.

„Затоа, на 19 септември ќе ја претставиме публикацијата: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“

После овој настан започнува 14-неделна серија панел-дискусии, кои ќе се одржуваат секој викенд до крајот на годината, директно меѓу граѓаните, во 14 градови во Македонија.

На овие 14 панели, избраните и именуваните функционери на ЗНАМ ќе ги презентираат резултатите од работата на институциите со кои раководат.

Ќе зборуваме за реализираното, за реформите, за инвестициите, за институционалните промени, за конкретните политики и за конкретните резултати.

Но, што е уште поважно – ќе разговараме директно со граѓаните. Ќе ги слушаме нивните прашања, нивните критики, нивните предлози и нивните очекувања.

За нас отчетот не значи само да кажеш што си направил. Отчет значи да застанеш пред граѓаните и да одговориш зошто си го направил тоа, што е постигнато и што допрва треба да се направи.

Во политиката лесно е да се даде ветување. Многу потешко е по две години да застанеш пред граѓаните и да кажеш: Ова го ветивме. Ова го направивме. Ова не успеавме да го направиме. А ова ќе го направиме понатаму.

Токму затоа ЗНАМ избира директен контакт со граѓаните и отчет на терен, а не отчет само преку соопштенија, конференции или социјални мрежи.

Движењето ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која својот институционален отчет го поставува директно пред граѓаните, на
терен, низ континуирана серија јавни дискусии“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.

Scroll to Top