На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и правник по професија.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син преку објава на социјалните мрежи.
„Со длабока тага ве известувам дека синоќа, по полноќ, почина мојот татко Нури Бајрами. Го молиме Семоќниот Бог да му се смилува и да го прими меѓу жителите на Џенетот (Рајот)“, напиша тој.
Бајрами беше дел од Државната комисија за спречување на корупцијата од 2019 до февруари 2024 година, каде една година ја извршуваше функцијата заменик-претседател.
Во текот на својата кариера работеше и на повеќе значајни позиции во Генералниот секретаријат на Владата и во Министерството за правда, а беше и долгогодишен новинар.







