Објавени локации за поставени контејнери за кабаст отпад во Општина Гази Баба

Во периодот од 01 до 07 јуни, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени на Триангла, во Маџари, Хиподром и Кирил Петрушевски (Вардариште).

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ апелира до граѓаните кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.

Scroll to Top