Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Државната награда, под условите определени во Конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

https://kultura.gov.mk/mk-MK/konkursi/drzavni-nagradi/drzavni-nagradi

 

Scroll to Top