Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени продолжува денес во судницата во Идризово со воведни зборови од одбрана на поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пред крајот на рочиштето за „Пулс“  што се одржа минатата недела судијката Диана Груевска-Илиевска ја повика одбраната на Шабан Салиу за воведни зборови, но откога неговиот адвокат кажа дека има долг воведен збор го прекина судењето и најави дека на денешното рочиште ќе ја слушне одбраната на сите обвинети поврзани со Дирекцијата за заштита и спасување.

Шабан Салиу е актуелен министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030 Тој е обвинет како поранешен директор на дирекцијата за заштита и спасување. На таа функција Салиу беше од 2088 до 2017 година.

На листата обвинети поранешни директори на Дирекцијата се и Аднан Џафероски кој директорувал од 2017 до 2020, Беким Максути кој бил директор на ДЗС од 2020 до 2024 година и Џеват Селами кој беше назначен за директор на ДЗС во август 2024 година и беше на функцијата кога се случи трагедијата во Кочани.

Како инспектор во Дирекцијата меѓу обвинетите е Љупчо Грнчиштанов.

По воведните зборови од бранителите на вработените во ДЗС следуваат воведните зборови од одбраната на поранешните министери за економија и на врабптените во Министерството за економија.

Scroll to Top