Од 9 до 22 часот без вода дел од центарот на Скопје

Поради технички зафати и санација на дефект на затворачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“, дел од корисниците во централното градско подрачје денеска ќе останат без вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 до 22:00 часот.

Според соопштението на претпријатието, без вода ќе бидат следните објекти и улици:

– Институции и објекти: МАНУ, Основен Суд 2, Младински културен центар (МКЦ), Универзитетска библиотека, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ТЦ „Мавровка“, Македонска телевизија (МРТВ) и Трговскиот центар „Ист Гејт“.

– Улици и населби: Дел од Старата турска чаршија, Саат кула, населбата Крњево, како и улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“, „Адвокатска“ и дел од булеварот „Крсте Мисирков“.

Корисниците од ниската зона на Автокоманда (сè до Камник), како и дел од населбата Пролет (околу „Веро Џамбо“) ќе се соочат со намален притисок во мрежата или можен краткотраен прекин на водоснабдувањето.

Scroll to Top