Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија.

„За прв пат влегуваме во Советот на Општина Тетово, Виница, Берово, Пробиштип, Лозоово, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани, Струга, Дебарца и Ресен. Покрај во главниот град втора партија пред СДСМ, Левица станува во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес“.

Лидерот на Левица со порака до кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски: „Орце не бегај од дебата“.

Амар Мециновиќ пак рече дека денеска Скопје се разбуди а граѓаните покажале храброст дека се подготвени да изберат поинаку.

„Денеска Левица испиша историја затоа што првпат има кандидат во главниот град кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во првиот круг покажавме дека има надеж, во вториот круг сето тоа ќе го претвориме во реалност. Влеговме во вториот круг затоа што илјадници луѓе во Скопје се охрабрија да застанат на страна на промената. Скопјани имаат визија дека градот треба да се раководи од јавниот, а не од приватниот интерес, порача Мециновиќ.

Scroll to Top