Вчера во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена самостојната мултимедијална изложба „Нурни во мене“ на охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес. Изложбата ги содржи неговите слики, а надвор во Лапидариумот е прикажан 28-минутен видео материјал со инсерти од длабочините на Охридското езеро, кој е инспириран од истоимената изложба. Отворањето беше збогатено со музички настапи на кларинетистот Петар Танески и хармоникашот Наум Џуклески. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска од Националната галерија. Изложбата ќе биде отворена секој ден од 09:00 до 22:00 часот, освен понеделник, и ќе трае до 28 август.
