Патник нападнал возач на автобус на ЈСП

Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, М.С.(59) од село Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top