„Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да ветуваат отстапки во надеж дека некој ќе ги донесе на власт.
Немајќи што да им понудат на граѓаните и сакајќи да се додворат, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Радев, во секој негов настап е дециден дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.
Исто така, Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед туку дека барањата за промена на уставот се европски, кога и претставници на земји членки на ЕУ велат дека не треба евроинтеграцијата да се билатерализира.
Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции.
Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат.
Тоа што Заев го започна, Филипче без никаков проблем сака да го заврши, само и само да дојде до фотелја. Со ваквите антидржавни политики, СДС, Заев и Филипче само му носат штета и ја блокираат државата, а од друга страна партијата ја водат кон исчезнување.
СДС и Филипче да ја остават сервилноста и одработувањето за туѓи интереси. Со предавства и антидржавна политика не се доаѓа на власт, на власт се доаѓа со гласот на граѓаните и победа на избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.







