Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69) од Струга.

Тој се сомничи за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик  „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.

Scroll to Top