Пијан возел нерегистриран мотоцикл, излетал од патот, се повредил и завршил во прилепската болница

Прилепската полиција вчера, три и пол часа по полноќ добила пријава за несреќа со повреден во селото Крушеани.
„Во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР

По целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе пријава против пијаниот возач.

Scroll to Top