Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип.
Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 24-годишниот М.Л. од село Белчишта, општина Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 70 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.







