Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен.

Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите.

Иако состојбата е стабилизирана, надлежните екипи ќе останат на терен сè до целосното локализирање и гаснење на пожарот, со цел да се спречи негово повторно активирање.

Scroll to Top