Пожар во кумановско Матејче: две лица се затруле од чад откако се запалила куќа

Две лица завршија во болница откако вдишале чад при пожар што избувнал во куќа во кумановското село Матејче, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен во СВР Куманово вчера во 13:28 часот. Пожарот избувнал во куќа сопственост на М.С., а благодарение на брзата реакција на соседите, огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат.

Сепак, поради вдишување на поголемо количество чад, 49-годишниот А.С. и 20-годишниот Н.С. биле пренесени во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Scroll to Top