Пожар во средно училиште во Тетово, шест лица пренесени во болница

Шест  лица се пренесени во болница по пожар во средно училиште во Гостивар.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет.

Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.

 

фото/Depositphotos/илустрација

Scroll to Top