Починат маж пронајден во Драчево

Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево  пронајден е починат М.А.(55) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top