По невремето што попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во 18:25 часот е регистрирана силна нестабилност меѓу Неготино и Демир Капија.
Според информацијата, нестабилноста е проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Од УХМР посочуваат дека централните и североисточните делови на државата сè уште се зафатени со нестабилно време, а временските прилики и понатаму се следат.
Претходно, невреме со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град беше регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија, при што нестабилната воздушна маса се движеше кон југоисток.







