Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.

Scroll to Top