Вчера во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода е 44-годишниот Л.Д. од Скопје.
При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







