Претрес во Прилеп, пронајдена дрога: уапсен 47-годишен маж

Ноќеска во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 47-годишниот И.Ѓ. од Прилеп.

При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Scroll to Top