Претрес во Струмица, пронајдена дрога: уапсен 48-годишник

Вчера во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 48-годишниот Љ.Ѓ. од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како и при личен претрес на Љ.Ѓ., биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Scroll to Top