Пријава за 67-годишен жител на Ларце: во возило откриени стотици кутии цигари и тутун без акциза

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 67-годишниот И.Р. од селото Ларце поради сомнение за кривичното дело избегнување на плаќање акциза, соопшти МВР.

Според полицијата, случајот се случил на 21 август 2025 година, кога на улицата Маршал Тито во Тетово бил запрен „фолксваген голф“ што го управувал пријавениот. При контролата, полициските службеници пронашле и одзеле голема количина цигари и опрема за нивно изработување.

Во возилото биле откриени 562 кутии цигари со странски бандероли, 17 кутии и седум кеси тутун, 22 машинки за правење цигари, 10 СИМ-картички, 19 табакери и 18 кутии филтри, за кои И.Р. не приложил никаква документација за платени акцизни давачки или за потеклото на стоката.

МВР информира дека предметите се одземени, а против пријавениот е поднесена кривична пријава.

Scroll to Top