При гаснење пожар во општина Новаци пронајдени две гранати

На 24.08.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснење на пожар во атар на село Арматуш и село Мегленци, општина Новаци, биле пронајдени две гранати.

Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на 25.08.2026 и било констатирано дека се работи за две артилериски гранати со калибар од 155 мм, односно 75 мм кои потекнуваат од Првата светска војна.

Scroll to Top