Продолжува проектот Битола-велоград

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска најави продолжување на проектот Битола-велоград.

„Сакам да Ве информирам дека продолжуваме со изградба на нови велосипедски патеки во Битола. Досегашните пет километри на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ ги надградуваме со уште над 2 километри велосипедски патеки во поранешната касарна.

Од другата страна се работи на проектна документација за изградба на велопатеки од едната страна на улицата „Филип втори Македонски“.

Со ова го реализираме ветеното за Битола велоград и се залагаме за поголема мобилност што впрочем беше и една од темите на манифестацијата „Европска недела на мобилност“ што вчера ја организиравме во нашиот град.

Како локална самоуправа неуморно работиме на подобрувањето на уличната инфраструктура од аспект на безбедноста, пристапноста и мобилноста“, изјави Коњановски.

Scroll to Top