Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, уапсен криумчарот од Латвија

Вчера околу 22:00 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија.

При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет.

Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top