Професор во средно училиште во Кичево нападнал ученичка во училница. Според информациите од полицијата, ученичката се здобила со повреди, а против професорот е поднесена кривична пријава.
Полицијата поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“.
Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.







