Се степаа двајца вработени во хотел во скопски Аеродром, имале расправија за работните задачи

Доцна синоќа во полицијата била пријавена тепачка меѓу двајца колеги вработени во хотел во скопската населба Аеродром, јави МВР.  Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, претходно имале расправија за работните задачи, а со тепачката го нарушиле јавниот ред и мир. Обајцата ќе добијат соодветни поднесоци по целосно документирање на случајот.

Scroll to Top