Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне 40°C.

Scroll to Top