Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Вренето во наредните денови
Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.







