Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај село Слатино, соопштија од СВР Тетово.
Несреќата била пријавена на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот, а во неа учествувале две патнички возила мерцедес со тетовски регистарски ознаки, управувани од А.И. (33) од село Доброште и А.Х. (36) од село Нераште, и двајцата од тетовско.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил и сопатникот Б.А. (26) од село Нераште, тетовско. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.







