Вчеравечер во полицијата во Штип Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри, над манастирот Св. Архангел Михаил во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку по спасувањето си заминале со мотоциклите.







