Здружението на судиите искажа поддршка на институциите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, по притворaњето на судија од Апелациониот суд во Скопје.
Во соопштението, Здружението нагласува дека очекува темeлна, прецизна и транспарентна истрага за да се утврдат сите факти и евентуалната инволвираност на други лица, без селективност и со почит кон законските процедури.
Во случај на докажана корупција, Здружението јасно се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој го нарушува интегритетот на судскиот систем, но истакнува дека таквите појави не треба да се поврзуваат со огромното мнозинство судии кои чесно ја извршуваат функцијата.
Организацијата бара целосно почитување на угледот на чесните судии и воздржаност од генерализации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Здружението на судиите нагласува дека секоја постапка мора да се спроведе со почит на принципот на пресумпција на невиност и без сензационализам, покажувајќи достоинство, неселективен пристап и почитување на човековите права.
Со оваа изјава, Здружението ја потврди својата посветеност на јакнењето на владеењето на правото, независноста на судството и враќањето на довербата на граѓаните во институциите.







