Тепачка во Кавадарци: четворица приведени

Вчера во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Scroll to Top