Триесет и тригодишен тетовец бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако при контрола било утврдено дека управувал возило кое се барало преку Интерпол Германија.
Според информациите од МВР, случајот се случил на 28 јуни околу 01:15 часот, на излез од државата. При гранична контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“, кое го управувал Ф.А. од Тетово, било пријавено за украдено.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







