Тетовец се самозадоволувал на автобуска постојка пред 4-годишно дете и нејзината мајка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг. На јавно место, на автобуска постојка, пред 4-годишно девојче и нејзината мајка, осомничениот се самозадоволувал. Жената и детето веднаш се обратиле за помош на друго лице присутно во близина, кое реагирало, по што осомничениот се покрил и избегал. Судот на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Scroll to Top