Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак

Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top