Тешко повреден маж од Неготино: изгубил контрола над мопедот и паднал

На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на крстосница од ул.„Индустриска“ со крак од истата улица, 45-годишниот Р.Т. од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

Scroll to Top