Тешко повреден 13-годишник од Кичево: управувајќи електричен тротинет се судрил со „фолксваген туран“

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Scroll to Top