Тешко повреден 18-годишник од Кавадарци во судир меѓу „пасат“ и мотоцикл

Вчера во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Б.И. од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот О.Р. од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Scroll to Top