Полицијата уапси двајца дилери од Берово, во возилото во кое се превезувале и во нивните домови е пронајдена дрога.
На 11.12.2025 околу 17:30 часот, на место викано „Фармите“ на локален пат Делчево-с.Тработивиште, делчевско, полициски службеници ги лишија од слобода С.К.(32) и Д.Д.(19), двајцата од Берово. По преземени мерки и активности, полициските службеници запреле и извршиле контрола во патничко возило „пежо“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.К., а сопатник бил Д.Д.. притоа, во возилото и кај нив се пронајдени и одзмени марихуана и бела грутчеста материја.
Подоцна, со судска наредба, извршени се претрес во нивните домови во Берово, при што во домот на С.К. се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дробилка, дигитална вага и други предмети. Додека, во домот на Д.Д. се пронајдени предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против двајцата, по брза постапка, ќе биде поднесена пријава.







