Вчера во 22:05 часот во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 22-годишниот С.Ш. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.







